Tvoja

МАКЕДОНИЈА И ТВОЕ МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ

Изборна Единица 1

1. НАЈЧЕВСКА МИРЈАНА
Родена 1956 година. Доктор по правни науки, редовен професор при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Посветена на промоција на концептот на човековите права и слободи и механизмите за нивна заштита и практикување. Граѓански активист и меѓународен експерт од областа на човековите права.

2. ТОРТЕВСКИ АЛЕКСАНДАР
Роден 1959 година. Дипломиран правник. Работно искуство во Окружниот суд Скопје, и адвокатура до денес. Со професорот ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ бил основач и истакнат член на првата опозициона партија во Македонија- Лигата за демократија.

3. ДАМЕВСКИ МАРКО
Роден 1976 година. Дипломиран економист. Работно искуство: оператор на Western Union се до 2009 година каде како раководител на Вестерн Унион преминува во Охридска банка Societe Generale Group на истата работна позиција, а банкарската кариера ја завршува како Менаџер за продажба и Вестерн Унион.

4. ТОМИЌ – ДУКОСКА СВЕТЛАНА
Родена 1960 година. Фармацевт и магистер на технички науки. Вработена како координатор за обезбедување квалитет во Реплек Фарм – Скопје. Посветена на заштитата на животната средина.

5. ПЕТРУШЕВСКИ ВЛАДИМИР
1954 година. Доктор по хемиски науки. Редовенпрофесор по физичка и по наставна хемија, на Институтот за хемија при ПМФ, Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Во моментов проректор за наука на УКИМ (2012–2016 и 2016–2020).

6. АНТОВ ИВО
Роден 1968 година. Електротехнички факултет. Работи како сценарист, копирајтер и колумнист.  Продуцент е на повеќе десетици домашни и меѓународни долгометражни, кратки и документарни филмови. Долги години е сопственик на продукциската куќа „Наше Маало“ од каде произлезгоа и забавните емисии за деца и популарната ТВ серија „Наше Маало“. Бил и директор на повеќе фестивали, меѓу кои и Скопскиот филмски фестивал. Пасиониран готвач и Ди-Џеј аматер.

7. МАРКОВСКА ИРЕНА
1974 година. Физичар-техничар со работно искуство како уредник и desktop publishing на книги, списанија, билборди и други печатени материјали,  главен и одговорен уредник на „М-Експрес“. 15-годишно искуство во областа на печатење, гравирање, изработување и персонализирање сувенири, накит и ситни подароци.Во моментот се бави со ситно производство.

8. ШТРБАЦ ИЛИЈА
Роден 1974 година. Диплома од агрикултура/економија, Techniques of Sales Management – NBG Education Center, Athens, New Sales Techniques Worldwide, Megatrend University – Belgrade. Аналитичар за истражување на пазарот во “Конкуренција.мк. Работно искуство во: Hyundai Corporation Balkan Region, SEAD – Samsung Electronics, (Macedonia, Albania, Kosovo), Стопанска банка АД Скопје.

9. ПОП – ГЕОРГИЕВСКИ ГОГА

10. НЕСТОРОВСКА МЕРИ

11. КОВАЧЕВ ЉИЉАНА
Родена 1949 година. Машински инжињер во пензија.

12. ИГНОВСКИ ПАВЛЕ
Роден 1975 година. Заврши менаџмент во културата на ФДУ Скопје. во 2001. До тогаш веќе сработи неколку претстави во Мала Станица и МНТ и филмови во својата продуцентска куќа Проартс. Работи во/за најголемите македонски фестивали од културата – Манаки, Струшки вечери, Чернодрински, МОТ. Покрај играните филмови, се зафаќа и со документарните. До денес, работи на преку 80 маркетинг кампањи за најголемите македонски фирми. Паралелно не прекина да продуцира претстави и да работи на филмски проекти, домашни и странски. Влегува во МакеДокс, фестивал на документарен филм. Од 2015 тимски работи на проектот Кино Култура. Од 2016 е управител на Театарот на навигаторот Цветко.

13. КУБЕЛКА ОСКАР

14. ЛАЗАРЕВСКА РОБЕРТА

15. БЕТИНСКИ ЕФТИМ

16. ГЕГОСКИ ИВИЦА
Роден 1967, дипломиран машински инженер. Кариера во машинството, проектант и изведувач на машински енергетски инсталации. Иноватор во областа на заштита на човековата околина. Учество во проекти од обновливи извори на енергија. Автор на стратешки развојни проекти.

17. ПАПАЗОВСКА – ЛЕВКОВА НАТАША

18. ГОЧЕВ МИЛЕ

19. БУРАЛИЕВ АЛЕКСАНДАР

20. СТОЈАНОВСКА СЛОБОДАНКА