Tvoja

МАКЕДОНИЈА И ТВОЕ МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ

Твоја партија уште еднаш остро се спротиставува

Твоја партија уште еднаш остро се спротиставува на нефункционирањето на Собранието и едноставното продолжување на активностите поврзани со изборите по прекин од над два месеци, без соодветна одлука на Собранието.

Твоја партија посебно се спротиставува на свикувањето лидерски средби на претствници на пет политички партии и одржувањето на пара-систем на управување во државата, кој ја извлекува власта од институциите на државата и ја става во рацете на субјекти кои во ниту еден член од Уставот или законите не се предвидени како структури кои донесуваат одлуки на државно ниво.

Твоја партија бара објаснување од Претседателот на државата зошто неформалните преговори за одредување на датум на изборите се обавуваат само со пет партии наместо со петнаесете партии кои веќе имаат прифатени листи на кандидати и за кои се знае дека ќе учествуваат на наредните парламентарни избори како рамноправни заинтересирани субјекти.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Можеби сте пропуштиле